Македонски велосипедисти првпат ќе возат на највисокиот превој во светот Торонг Ла

Македонска велосипедска експедиција составена од Лазо Миновски, Сашо Перовски и Ростислав Палагусинец, првпат ќе вози велосипеди на највисокиот превој во светот Торонг Ла (5.416 метри надморска височина), објави Здружението на граѓани „Велес бајкинг“.

 

Турата се вози од 8 до 24 ноември околу Анапурна (8.091 м.н.в.), а притоа ги следат и другите врвови Даулагири (8.167 м.н.в.), Манаслу (8.156 м.н.в.). На обиколката се поминуваат од 250 до 320 километри.

 

Стартот е од градот Бесисахар кој се наоѓа на 800 метри надморска височина и се вози до превојот Торонг Ла кој се наоѓа на 5.416 метри надморска височина. За цело возење се очекува да се искачат помеѓу 10.000 до 13.000 метри елевација. Температурата на највисоката точка ќе биде од -17 до -25 целзиусови степени.

 

Доколку дозволи временската прогноза како и временската рамка, се планира да се посети и езерото Тиличо, за кое се потребни околу дополнителни три дена скршнување од регуларната патека и повторно враќање назад кон Торонг Ла.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.