Американска конгресменка позирала гола и случајно ја открила тетоважата од нацистички симбол

Американската демократска конгресменка, Кејти Хил, се најде во средиштето на политичка бура откако се појавија фотографии на кои позира гола со тетоважа од нацистички Железен крст и пуши марихуана од бонг.

 

Кејти исто така била фотографирана како се бакнува со млада жена, идентификувана како нејзината асистентка, Морган Десџардинс.

 

Shocking photos of Congresswoman Katie Hill are revealed as she's seen posing nude on 'wife sharing' sites https://t.co/HbnAWoV5Ou pic.twitter.com/MgWCRII9CM

— Daily Mail US (@DailyMail) October 24, 2019

 

Скандалозните фотографии од првата отворено бисексуална конгресменка од Калифорнија беа објавени еден ден откако беше покрената истрага против неа за наводна сексуална врска со двајца млади службеници, од машки и женски пол.

 

„Дејли мејл“ е првиот таблоид што ги објави контроверзните фотографии и наведува дека Кејти и нејзиниот сопруг, Кени Хелслеп, од кого се разведува, со асистенката Морган со години биле во полигамна врска.

 

Фотографиите кои го изложија дивиот животен стил на Кејти биле придружени и од пораки кои откриваат дека брачната двојка ги поставувала ваквите фотографии на интернет страница со назив „Ти се допаѓа ли мојата жена?“.

 

Податоците од фотографиите на кои Кејти пуши од бонг, откриваат дека тие потекнуваат во 2017 година, пред марихуаната за рекреативна употреба да се легализира во Калифорнија.

 

На една од фотографиите на кои политичарката е гола е прикажана и нејзината тетоважа од нацистички Железен крст, највисокото признание во нацистичка Германија, кој е истетовиран на нејзината десна ципа.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.