Криминална група ограбувалa домови на познати фудбалери во Шпанија

Пет лица се уапсени поради сомневање за вмешаност во низа грабежи на познати фудбалери во Шпанија.

 

 Во рамки на операцијата „Оп Хабитат Риниа“, шпанската цивилна гарда во блиска соработка со албанската полиција и Европол, уапси пет лица поради нивна наводна вмешаност во низа грабежи во домови на познати фудбалери во Шпанија.

 

Се претпоставува дека криминалната група ги следела активностите на фудбалерите преку нивните социјални мрежи, за да знае кога треба да делува. Во некои случаи членовите на семејството се наоѓале во домовите кога криминалната група упаѓала.

 

Шпанските власти заплениле накит, луксузни автомобили и илјади евраво готовина за кои се верува дека им припаѓаар на фудбалери и нивни семејства.

 

Пронајдени се и неколку предмети, кои имаат сентиментална вредност, вклучително и медалја од Лигата на шампионите, која е украдена од куќата на везниот играч на Атлетико Мадрид.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.