Хрватска, Словенија и Црна Гора меѓу 40 најубави земји во светот

Хрватска, Словенија и Црна Гора се наоѓаат меѓу 40 најубави земји во светот, според критериумите на списанието „Conde nast traveller“.

 

Овие три држави од регионот се нашле на листата заедно со некои најпопуларни светски дестинации, како што се Нов Зеланд, Костарика, Австралија, Кенија, Тајланд и Јапонија.

 

Списанието ја опишало Хрватска како земја „со преубави пештери, брдовити полиња и бели песочни плажи“.

 

За Словенија пишува дека е земја која има различни понуди – од Алпите, преку езерото Блед до прекрасни зелени шуми.

 

А Црна Гора е опишана со зборовите на писателот Бајрон – „најубавата средба на земјата и морето“. 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.