Печурките го намалуваат ризикот од рак на простата

Истражување на јапонски научници посочува дека консумацијата на печурки штити од рак на простата, доколку се јадат трипати во седмицата.

 

Проучувањето е спроведено во Универзитетот на Тохоку и траело 13 години. Во испитувањата учествувале приближно 40.000 мажи на возраст меѓу 40 и 80 години.

 

Резултатите говорат дека јадењето печурки трипати седмично го намалува ризикот од некое онколошко заболување за 20 отсто. Се претпоставува дека причината за тоа веројатно се должи на соединенија коишто го намалуваат машкиот хормон причинител на ракот на простатата.

 

Печурките, исто така, имаат поволно влијание и кај повеќе видови воспаленија.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.