Музиката ги смирува нервите

Музиката може да послужи како алтернатива на лековите за лекување на пациенти, објавуваат медиумите.

 

Клиничкото испитување во САД покажало дека музиката може да биде исто толку ефикасна колку и лековите за смирување. Студијата била спроведена кај пациенти подложени на лекување на нервно рстројство.

 

Анксиозност пред операција е многу честа појава. Може да го зголеми нивото на хормоните за стрес. а може да влијае и на закрепнувањето. Сепак, седативите за анксиозност имаат несакани ефекти кои можат да влијаат на дишењето и протокот на крв.

 

Научниците од Универзитетот во Пенсилванија работеле со 157 луѓе, од кои некои добиле мидазолам кој бил инектиран три минути пред блокада на нервите. Втората група ја слушале "Weightless" на Маркони Јуен. Нивоата на анксиозност кај двете групи биле слични, што покажува дека музиката е ефикасна како седатив. Пациентите кои го примиле лекот, сепак, се чувствувале подобро од другите. Ова може да се објасни со фактот дека луѓето не можеле да изберат што да се слушаат.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.