Неколку правила кои треба да ги почитувате при посета на базен

Во главниот град почнаа со работа речиси сите базени, а за време на викендот се најавува сончево и топло време, па се очекува голема посетеност на базените, од страна на граѓаните, а особено од помладите. Во услови на високи температури за време на летниот период, базените се одличен начин да се разладат граѓаните, но при посетата на базен треба да внимавате на опасностите кои можат да ви се случат.

 

Кога одите на базен не треба да внимавате само на пливањето и да не се лизнете на водените плочките, туку и на инфекциите кои што може да ги добиете. Стравот од давење и повредите од лизгање се многу оправдани стравови на кои мора да се внимава во секое време, но потребна е поголема грижа, за себе и за околината што ве опкружува. Затоа постојат неколку основни правила на однесување на базен, односно бонтон на базен.

 

Доколку имате некакво воспаление или заразна кожна или половна болест, немојте да влегувате во базен, избегнувајте голтање на вода од базенот, не нуркајте со отворени очи и секогаш користете очила за пливање и капа за да ја заштитите косата од хлорираната вода. Не одете боси по влажниот под и не седете на влажните површини во близина на базенот. Исто така, не треба да седите на влажна крпа и во воден костум за капење, бидејќи влагата и топлината поттикнуваат размножување на бактериите, При секоја потреба користете го тоалетот, а веднаш потоа темелно измијте ги рацете со топла вода и сапун.

 

Застоената вода во базенот во комбинација со голем број на пливачи во него, значи зголемена концентрација на микроорганизми. Микробите можат да навлезат во телото преку устата, очите, носот или да ја оштетат кожата и да предизвикаат цревни и кожни инфекции. 

 

 

 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.