Компјутерите нема да ја заменат креативноста на човек

Легендарниот првак на светот во шах Гари Каспаров, на меѓународниот форум на Мајкрософт „Светла иднина на луѓето + машините" во Атина, изјави дека машините нема да ја заменат човековата креативност.

 

Каспаров наведе дека изгубил партија од компјутерот „Дип Блу" во 1997 година откако „направил повеќе грешки".

 

– „Дип Блу" не беше некоја извонредна машина; напротив, едноставно не ја повторуваше истата тактика кога играше шах, истакна Каспаров, додавајќи дека не би требало да постои дилема „човекот или машината".

 

Тој потенцира дека кога интуицијата и искуството на човекот соработуваат со аналитичките моќи и брзината на компјутерите, тогаш може да се постигнат многу работи.

 

– Машините нема да ја заменат човековата креативност ниту емоционалната чувствителност, но можат да ни помогнат да истражиме нови хоризонти кои не можеме ниту да ги замислиме, посочи Каспаров. 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.