ПРЕСТАНЕТЕ ДА ГИ ПРАВИТЕ! Овие 4 работи ниту еден маж не сака да ги правите

Најверојатно се прашувате зошто односот со партнерот не може да биде идеален, но постои можност дека понекогаш и Вие сте виновни за кавгите и расправиите.

 

Го планирате неговото време

Можеби си роден организатор и твоите идеи се генијални, но плановите што ги правиш без да го прашаш него, нема да дојдат до одобрување. Воопшто не е прашање колку е добар план или не, важно е дека тој има чувство дека неговото мислење не е важно и дека не го почитувате доволно.

 

Однос мама - син

Ако секојдневно му замерувате многу работи, запрашајте се дали сте спремни да молчите и да страдате сѐ додека сте заедно, бидејќи ако неговата мајка не го научила на добрите навики во текот на својот живот, верувајте дека нема ниту Вие.

 

Плачење

Нема да Ви замери ако се расплачете на емотивната сцена од филмот, или ако сте соочени со некои сериозни проблеми. Но, ако плачете секој пат кога ќе влезете во расправија со него, бидете сигурни дека не Ви се пишува добро затоа што мажите плачењето го мразат од дното на душата. Возрасни сте и престанете да се однесувате како разгалена принцеза.

 

Пријателство со поранешниот партнер

 

Не велиме дека мора да го прекинете секој контакт со вашиот поранешен партнер, но обидете се да не му го прераскажувате разговорот додека сте биле на кафе. Иако Вашиот однос со поранешниот е безопасен, тој секогаш ќе го смета за сериозна закана, па затоа колку помалку знае за вашето дружење - толку подобро за вас.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.