Документарец за Михаел Шумахер во декември

Документарен филм за седумкратниот шампион на Формула 1 натпреварувањето, Михаел Шумахер, ќе излезе во декември.

 

Станува збор за досега необјавени архивски снимки и сведоштва на неговото семејство. Легендарниот германски возач беше тешко повреден на скијање пред шест години, на 29 декември 2013, што му предизвика проблеми со говорот и помнењето и парализа. Неговото семејство и портпаролите досега претпочитаа сè тоа да остане надвор од фокусот на медиумите, но се знае дека Шумахер сега се движи со помош на ортопедска количка.

Филмот под наслов „Шумахер” е во режија на германските режисери Михаел Вех и Ханс-Бруно Камертенс, а премиерата прво ќе биде прикажана во Германија и Швајцарија на 5 декември

 

Шумахер (50) во својата кариера победил во рекордни 91 трка. Од Формула 1 се повлече во 2012 година, со освоени седум шампионски титули. 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.