Прашања кои треба да му ги поставите на соговорникот за да ги откриете неговите најмрачни тајни

Дали доволно ги познавате вашите пријатели? Ова се 8 интересни прашања што може да доведат до тоа вашиот соговорник да зборува за работи за кои веројатно никогаш порано не мислел.

 

Овие прашања бараат детални одговори, па одговорите "да" и "не" нема да бидат доволни. Сепак, тука нема точни одговори. И запомнете, не треба да ги поставувате овие прашања на некого од кого се плашите од разочарување!

 

1. Дали ќе отвориш плик кој ќе го содржи датумот на твојата смрт? Со помош на одговарање на ова прашање, можете да одредите колку верува во судбината, како и неговиот однос кон животот воопшто.

 

2. Дали би бил пријател со себе? Овој одговор зборува за самодоверба, како и за доблестите и недостатоците на една личност, но и колку се интересни

 

3. Што правиш поинаку од другите луѓе? Овде можете да дознаете на кое ниво се наоѓа самопочитта на личноста, нивното чувство за хумор, нивото на лудост во нив и колку е уникатна нивната личност.

 

4. Ако вашиот партнер никогаш не дознае дека сте го изневериле, дали би му кажале? Одговорот укажува на моралните стандарди на една личност и нивниот однос кон другите луѓе.

 

5. Дали некогаш сте чувствувале дека вашиот ден се повторува цело време? Во одговорот на ова прашање, може да разберете како личноста го живее својот живот и дали животот има смисла или не.

 

6. Ако жените и мажите живеат на две различни планети, што ќе се случи со овие планети? Кога ќе добиете одговор ќе можете да разберете дали некое лице прифаќа стереотипно мислење или е водено од неговата логика.

 

7. Ако извршите кривично дело за да го нахраните вашето гладно дете, дали сте лоша личност или сте направиле кривично дело бидејќи не сте имале избор? Повторно, ова ќе ги прикаже моралните стандарди на личноста и нивниот однос кон семејството.

 

8. Ако среќата е пари, што ќе биде вашиот бизнис? На овој начин можете да ги разберете надежите и соништата на една личност, како и тоа што им недостасува во животот.

 

Можете да го користите ова и многу други прашања и дилеми да се забавувате или да запознаете некого подобро.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.