„Марш на векот" против климатските промени

Илјадници луѓе попладнево во Париз учествуваат на „Маршот на векот”, на кој ќе побараат „одговори на предизвикот” за климатските промени, јави дописникот на МИА.

 

Денешниот марш се случува само еден ден по одржувањето на протестот на младите ширум светот, во кој се вклучија и многу ученици од Франција.

 

На плоштадот на операта во Париз попладнево се собраа околу десетина илјади учесници, кои ќе се упатат кон плоштадот на Републиката.

 

Луѓето носат транспаренти на кои се испишани пораки посветени на климатските промени, но можат да се забележат и слогани против претседателот Емануел Макрон и неговата политика.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.