За време на постите често се продаваат намирници кои се означени како посни, а всушност не се

Велигденскиот пост веќе започна и секако оние кои постат внимаваат на својата исхрана. Постот подразбира да не се внесува мaсна храна, односно месо, млечни производи, но бидејќи ова е најстрог пост се ограничува и јадењето на риба и масло, тие може да се конзумираат во одредени денови.

 

Но оние граѓани кои постат треба да внимаваат кога купуваат производи на кои е посочено дека се посни. Секако секој верник кој одлучил да пости најрво ја прегледува декларацијата на производот и од што се состои. Многу пати се случило токму онаа храна растителна маст, сирење и млеко на база на растителни производи, посен маргарин, всушност да не се од растително потекло. Граѓаните кои ги анкетиравме се со поделени ставови и околу постењето и околу верувањето на производителите кои на производите пишуваат дека се посни.

 

 

Често се сучува растителните сирења да содржат некои состојки од животинско потекло, како што е казеин протеинот па доколку купувате растителен кашкавал или сирење, задолжително проверете дали содржи казеин протеин.

 

Треба да знаете дека посно е само сирењето од соја.

 

Исто така внимавајте и со лебот, бидејќи во одредени пекари се премачкува со смеса која содржи јајца, за да добие сјај и крцкавост. Внимавајте и со грицките и задолжително читајте ја декларацијата, бидејќи токму тие содржат млеко во прав и какао путер, состојки кои не се посни.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.