Најстариот човек на планетата почина на возраст од 113 години

Жителот на северниот јапонски остров Хокаидо, Масадзо Нонака, кој минатата година беше прогласен според Книгата на рекорди за најстар човек на планетата, почина на 113-годишна возраст, јавија светските медиуми.

 

Стогодишникот, роден на 25 јули 1905 година, починал мирно во сон во својот дом во Ашоро.

 

Во последните години Масадзо Нонака живеел заедно со внуците во подножјето на планината Меакан во северниот дел на Хокаидо. Неговите потомци управуваат мал хотел покрај топли термални извори, наречен "Нонака онсан". Стогодишникот ја надживеал својата сопруга и три од петте деца.







Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.