Ролована свинска плешка

Вкусен ручек за целото семејство. Мирисливо парче месо во комбинација со шампињони, кисели краставички, лук … 

 

Потребно е:

 

1 кг свинска плешка без коски
200 г кисели краставички
100 г шампињони
1 чешне лук
250 мл пиво
малку свеж рузмарин
маслиново масло
4 лажичиња сенф
сол, бибер

 

Подготовка:


– Шампињоните измијте ги убаво и исецкајте ги на листови. Ставете ги да се динстаат на маслиново масло.

– Кај печурките додадете го сецканото лукче, сол, бибер и сецкан свеж рузмарин.

– Месото одвоите го од коските и малку истенчете го со дрвен чук. Убаво посолете го од сите страни и премачкајте го со масло и сенф. Сега распоредете ја рамномерно горната смеса, завиткајте го месото како ролат и заврзете го со кујнски конец за да не ви истече внатрешната содржина додека се пече.

– Ролатот ставете го во намастена тава и прелијте го со пиво. Намачкајте го и одозгора со сенф.

– Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 200 целзиусови степени околу 40 минути. Додека се пече од време на време преливајте го со сокот од дното на тавата.

– Кога ќе се испече извадете го од рерна и оставете го малку да се излади. Потоа извадете го конецот и исечете го внимателно на парчиња.

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.