Совети како полесно и побрзо да го исчистите домот

Чистењето најчесто ни одзема многу време, понекогаш ни е потребен цел викенд за да го исчистиме домот.

 

Но, доколку ги следите следниве упатста можете дамот да го исчистите за половина час.

 

1. Прво во секоја соба избришете прашаина, потоа исчистете со правосмукалка, а на крај избришете го подот.

 

2. Вклучете аларм за 30 минути, и на тој начин ќе работите побрзо, бидејќи ќе се тркате со самите себе.

 

3. Направете список за потребните средства за чистење, за да не одите повеќе пати во продавница.

 

4. На дното на кантата за отпадоци ставете листови од стари весници за да ја соберат истечената течност, и да ја неутрализираат миризбата.

 

5. Обложете ја релната со фолија или ставете фолија под решетките ако имате шпорет на плин, за да го намалите времето за чистење после подготовка на јадење. Ако јадењето почне да прска за време на подготовката, поголем дел од дамките ќе бидат на фолијата која едноставно ќе ја фрлите, а релната ќе остане чиста.

 

6. За совршен сјај на прозорите, разматете една таблета за машинско миење садови во вода.

 

7. Елементите во бањата испрскајте ги со средство за чистење и оставете ги да отстојат 10 минути пред да почнете да чистите. На тој начин средствата за чистење ќе имаат подобар ефект.

 

8. Старите фротирски чорапи искористете ги за бришење на венецијанер ролетните: намокрете го чорапот и ставете го како ракавица на раката за да се заштитите од острите пластични рабови и полека бришете дел по дел

 

9. Сите ситни делови и прегради од фрижидерот мијте ги во машина за миење садови- така ќе бидат побрзо и поубаво измиени.

 

10. За време на перењето на одредени алишта намалете ја центрифугата за да можете потоа полесно да ги испеглате.

 

Следете ги нашите совети и ќе имате блескава куќа без многу напор. 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.