Рецепт за вкусни тестенини со шунка и кашкавал

Запечени тестенини со шунка и кашкавал се интересна идеја за брз, но вкусен ручек посебно за љубителите на тестенини.

 

Потребно е:


200 гр
 макарони
30 гр брашно
1 главица кромид, ситно секан
1/2 лажиче сенф
сол, бибер
600 мл млеко
400 гр варена брокула, ситно сецкана
250 гр шунка
100 гр рендан кашкавал (гауда, ајдамер или сл.)
2 лажици путер
50 гр лебни трошки

 

Начин на подготовка:


– Сварете ги тестенините според упатството на пакувањето. Исцедете ја и префрлете ја во намастена огноотпорна тава.

 

– Во еден сад измешајте ги брашното, кромидот, сенфот и сол и бибер. Садот ставете го на рингла и полека додавајте млеко со постојано мешање. Варете го на средна температура 10-15 минути, односно додека не се згусне. Вака подготвениот сос прелијте го преку тестенините.

 

– Во тестенините додадете ги и сецканата брокула, сецканата шунка и изренданиот кашкавал.

 

– Во помало тенџерче на рингла растопете го путерот и тргнете го на страна. Додадете ги лебните трошки, убаво измешајте и прелијте преку тестенините.

 

– Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 170 целзиусови степени околу 40 минути.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.