Оризот го стимулира растот на косата

Според древната метода, жените во Јапонија оризот го користат за да го стимулираат растот на косата.

 

Оризот е намирница која сите ја имаме во кујната, а во Јапонија во последните години и низ целиот свет е широко распространета.

 

Експертите велат дека постојат многу трикови за убавина и за стимулирање на растот на косата со состојки кои обично се користат за готвење, а некои народи, од дамнина го користат циметот, куркумата и други намирници.

 

Оризот се вари, а водата во која се варел оризот се чува на страна. По миењето на косата со шампон, масирајте го скалпот на главата со водата од оризот, а потоа нанесете ја и на остатокот од косата. Оставете ја оризовата вода да отстои неколку минути, а потоа исплакнете ја косата со обична вода.

 

Косата уште по првиот пат ќе биде сјајна и помека, а по некое време ќе забележите дека расте многу побрзо.

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.