Како да подготвите убав колач со мед и круши

Овошните колачи се вистински избот за целото семејство, а особено најмногу ги сакаат децата.

 

Ви прикажуваме лесен и вкусен рецепт за да го изненадите целото семејство. 

 

Потребно е:


3 големи тврди круши
1/4 чаша (1 чаша = 200 мл) путер
1/4 чаша мед

 

за тестото:


1/2 чаша путер (на собна температура)
1/4 чаша маслиново масло
1/2 чаша мед
1/3 чаша кафеав шеќер
2 лажичиња прашок за пециво
2 лажичиња екстракт од ванила
1/2 лажиче сол
1/2 лажиче мелен кардамон
1/2 лажиче рендано морско оревче
2 јајца
2 чаши брашно
3/4 чаша јогурт
1/2 чаша сецкано ореви или бадеми
горгонзола сирење

 

Подготовка:


– Крушите убаво измијте ги и исечете ги по долчина на тенки парчиња.

– Растопете го путерот на тивко со постојано мешање, тргнете го од рингла и додадете го медот. Постојано мешајте додека да се добие хомогена смеса.

– Смесата сипете ја во калап за торта и израмнете. Одозгора наредете ги парчињата круши во круг, така што подебелиот дел да биде кон работ на калапот, а потенкиот кон средината. Повторете ги редовите додека ги потрошите сите круши..

– Во еден сад изматете го путерот со маслото, медот, шеќерот, прашокот за пециво, екстрактот од ванила, сол, кардамон и морско оревче. Додадете ги едно по едно јајцата со постојано матење, а потоа и 1 чаша брашно, јогуртот, па втората чаша брашно.

– На крај додадете ги оревите и измешајте. Смесата рамномерно распоредете ја во калапот над крушките.

– Ставете да се пече во загреана рерна на 160 целзиусови степени околу 40 минути.

– Печениот колач оставете го да се излади во калапот 30-тина минути. Потоа извадете го и превртете го на чинија од опачината..

– Сервирајте го со исечени парчиња горгонзола сирење.

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.