Дали ве интересира што значат звуците кои мажот ги испушта за време на сексот?

Жените и мажите имаат целосен репертоар на звуци кои ги произведуваат за време на сексот, иако понекогаш знаат дека останат и потполно тивки.

 

Ви откриваме што значат "сексуалните звуци"?

 

Зборење

Вашиот партнер често вели: "Даааа, многу си секси, многу е добро!" или "Мала, ти си толку жешка и толку слатка"? Ако е така, тогаш "валканиот разговор" го возбудува. Разговарајте со него за тоа, можеби тој би сакал да слушне нешто валкано од вас во кревет.

 

Тишина

Вашиот драг спаѓа во тивки ликови? Не грижете се, дури и ако не пушти глас за време на сексот, тоа не значи не му е добро со вас. Напротив: ако е тивок, тогаш може полесно да се контролира и да го одложи оргазмот.

 

Смеење

Ако вашиот партнер се смее за време на сексот, можеби е едноставно скокотлив. Можеби го допирате на чувствително место? Едноставно следниот пат внимавајте да не ја допирате неговата осетливата ерогена зона.

 

Брефтање

Ако вашиот партнер гласно брефта за време на сексот, може набрзо да сврши. Ако сакате да уживате малку подолго, тогаш треба да го смирите и полека да се движите.

 

Викање

Вашиот дечко во креветот звучи како ранет бизон или како некое друго диво животно? Тогаш навистина му е многу добро со вас! Така може да се релаксира со вас и да ви ја покаже својата животинска страна.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.