Со секој купен стан, подарок автомобил BMW

Кинески инвеститор решил да привлече купувачите за неговите станови со скапоцен подарок.

 

Компанијата “China Merchants Shekou Industrial Zone Holdings Co”, која неодамна изградила стнабен блок со 350 стана во Шангај , успеала да продаде само 25. За да ги привлечат купувачите решиле да им подарат нов БМВ и тоа од серијата 3 или од X1 серијата.

 

Трособните станови во овој комплекс , инаку се продаваат за 620 000 долари, додека цената на понудените автомобили е околу 10 проценти од цената на станот.

 

Поради високите даноци, овие возила се далеку поскапи отколку во Европа или во САД.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.