Нема повеќе поместување на часовникот на зимско и летно време

Европската комисија денеска го објави предлогот за укинување на полугодишното поместување на часовникот во ЕУ во 2019 година, давајќи им на земјите-членки слобода да одлучат дали сакаат да го задржат летното или зимското сметање на времето.

 


- Мораме да престанеме со поместувањето на часовникот - изјави Јункер, додавајќи дека земјите-членки ќе изберат дали сакаат да преминат на летно сметање на времето или да се вратат на зимското.


Во анкетата спроведена од Европската комисија учествуваа рекордни 4,6 милиони луѓе и повеќето се изјасниле против поместувањето на часовникот. 

- Мораме да ја почитуваме желбата на луѓето - рече Јункер.

 
 
Претставникот Давор Шкрлец, како член на работната група на Европскиот парламент, кој се залагал за укинување на полугодишното менување на часовникот во ЕУ, во соопштението го поздрави одговорот на Комисијата на желбата на граѓаните, од кои мнозинството се за укинување на поместувањето.

- Според предлогот на Европската комисија, секоја земја-членка до април 2019 година треба да одлучи дали има намера да го применува летното или зимското сметање на времето - вели тој.
 

Последното задолжително поместување на часовникот ќе биде во недела на 31 март 2019 година. Земјите-членки што сакаат да го вратат зимското сметање на времето ќе треба да направат уште едно последно полугодишно поместување во недела на 27 октомври 2019 година. По тој датум, полугодишното поместување повеќе нема да биде можно.
 
 
И Македонија ќе го укине зимското сметање на времето доколку оваа одлука на Европската комисија помине на Европскиот парламент и биде прифатена од земјите-членки на ЕУ.

- Стратешкиот интерес на РМ е членство во ЕУ, така што во рамките на интегративните процеси ќе се прави усогласување со сите активности и одлуки што ќе бидат донесени од земјите-членки на ЕУ во претстојниот период - велат од Владата на РМ. 




Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.