Во Сахара е отворена најубавата гробница стара 4300 години

Египет за прв пат ја отвтори 4300 години старата гробница на Сахара за туристи.

 

Иако е откриена во 1940 година, е отворена  сега, по темелната реставрација и се смета за една од најубавите во Сахара. Гробницата припаѓа на Шестата династија, а е стара околу  4.300 години.

 

Се верува дека во неа е закопан еден висок кралски офицер наречен "Меху".  Гробницата во  пирамидата, има тесен ходник и шест соби. Исто така тука се и собите во кои се закопани синот на Меху и внукот. На ѕидовите се насликани живописни сцени.

 

Меху живеел за време на владеењето на кралот Пепи  2332-2287 пр.н.е.  и имал 48 титули, а се дознало  врз основа на натписите на ѕидовите . Меху, меѓу другото, бил везир, шеф на судии и директор на палата.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.