Францускиот предлог е голем напредок во наша корист, смета партијата на Љубчо Георгиевски

ВМРО-Народна партија оценува дека со вчерашната одлука на бугарскиот парламент со кој се поддржа францускиот предлог и даде согласност да се тргне ветото кон Северна Македонија, не само што се отвора патот на Европската интеграција на државата туку и дефакто денешната ја поништува претходната одлука на бугарскиот парламент на која беше донесена познатата рамковна позиција за Македонија.

 

„Со  рамковната позиција, да се потсетиме, Северна Македонија требаше самата да објави дека „македонскиот јазик и македонската нација потекнуваат од 1945 година, а пред тоа биле бугарски“, пишуваат од партијата на Љубчо Гергиевски.

Според тоа, ВМРО-Народна партија смета дека францускиот предлог е еден голем напредок во корист на нашата држава и за тоа партијата го позравува преговарачкот тим на Република Северна Македонија.

ВМРО-Народна партија смета дека францускиот предлог треба да претрпи одредени корекции,  но исто така повикува да не се испушти шансата.

„Посебно сме непријатно изненадени дека кај најголем дел од противниците на францускиот предлог се уште сметаат дека најголем проблем е внесувањето на Бугарите во македонскиот Устав. Оваа позиција не можеме да ја разбереме и навистина сакаме да споделиме дека тоа не само што не е проблем туку е и голем исчекор за Македонија“, велат од ВМРО-Народна.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.