Османи на 132. сесија на Комитетот на министрите на Советот на Европа

Mинистерот за надворешни работи на Северна Македонија, Бујар Османи, на 20 мај 2022 година во Торино ќе учествува на 132. министерска сесија на Комитетот на министрите на Советот на Европа.

На министерската сесија, со која претседава Италија, ќе учествуваат министрите за надворешни работи на 46-те земји членки на најстарата европска организација за човекови права, демократија и владеење на правото.

На сесијата се очекува да бидат дискутирани повеќе актуелни теми, со фокус на последиците од агресијата на Руската Федерација врз Украина, што, меѓу другото, доведе и до исклучување на Руската Федерација од организацијата во март оваа година. Исто така, на самиот состанок ќе се изврши и примопредавање на претседателството со Комитетот од Италија на Ирска за следниот шестмесечен период.

На маргините на министерската сесија предвидени се и повеќе билатерални средби на Османи со министрите за надворешни работи на Молдавија, Грузија, Азербејџан, Ерменија, како и со заменик-министерката на Украина и со високи претставници на Советот на Европа.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.