76 нови случаи на Ковид-19 и три починати лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 1.232 тестови, а регистрирани се 76 нови случаи на Ковид-19 од: Скопје – 56, Битола – 10, Кавадарци – 3, Охрид и Кичево по 2 и по еден заразен од Куманово, Гевгелија и Ресен.

Од вкупниот број на позитивни (76), регистрирани се 14 реинфекции.

Во текот на изминатите 24 часа не се пријавени починати лица. Согласно Регистарот на починати со дијагноза Ковид-19 од „Мој термин“ дополнително се регистрирани 3 починати лица од Скопје (80), Охрид (82) и Куманово (75). Сите лица се починати во болнички услови, во периодот од 17 април - 17 мај годинава.

Во последното деноноќие регистрирани се 73 оздравени пациенти од: Скопје – 40, Битола и Охрид по 5, Кавадарци – 4, Прилеп и Штип по 3, Ресен, Тетово, Гостивар, Делчево и Берово по 2 и по еден оздравен од Куманово, Струмица и Струга.

Направените 1.232 тестови се преку: ИЈЗ-104, ЦЈЗ Скопје-46, ЦЈЗ Битола-46, ЦЈЗ Прилеп-9, ЦЈЗ Тетово-7, ЦЈЗ Куманово-18, лабораторија болница Козле-18, Институт за микробиологија–81, Жан Митрев (Филип Втори)-60, Авицена-13, Биотек-29, Систина-20, лабораторија Лаор-28, Синлаб-11, Ремедика-11, Плодност-11, Генеа-4, Никоб Лаб-84, ВФВ медикал-20, Ели медика плус-10, Ројал медика–2, Спектра-ММ-3, Рапид лаб–3, Жан Митрев Струмица–4, Нова лаб дијагностика–2, Рамус-1, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 587.

Досега во земјата се направени вкупно 2.042.527 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 311.113, бројот на оздравени пациенти е 301.275, на починати е 9.296, а бројот на активни случаи изнесува 542.

Според епидемиолошките анализи во моментот, ситуацијата по градови е следна:

Скопје 146341, Активни 328

Куманово 16665, Активни 13

Битола 15587, Активни 75

Прилеп 14194, Активни 14

Тетово 13470, Активни 5

Кавадарци 10675, Активни 15

Велес 9783, Активни 2

Гостивар 9603, Активни 7

Охрид 8890, Активни 16

Струмица 8071, Активни 1

Штип 8044, Активни 8

Кичево 5643, Активни 9

Кочани 5087, Активни 6

Струга 4724, Активни 4

Гевгелија 4418, Активни 5

Неготино 3687, Активни 2

Ресен 2744, Активни 10

Свети Николе 2628, Активни 3

Радовиш 2530, Активни 1

Крива Паланка 2414, Активни 0

Делчево 1983, Активни 1

Дебар 1675, Активни 1

Берово 1674, Активни 11

Валандово 1488, Активни 0

Виница 1393, Активни 0

Пробиштип 1267, Активни 0

Богданци 1021, Активни 0

Кратово 965, Активни 0

Крушево 927, Активни 1

Демир Хисар 835, Активни 2

Македонски Брод 736, Активни 0

Демир Капија 593, Активни 0

Македонска Каменица 525, Активни 2

Пехчево 486, Активни 0

Дојран 347, Активни 0





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.