Повторно поскапување - од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,84 % во однос на одлуката од 17.1.2022 година.

Малопродажните цени на бензините еуросупер БС-95 и еуросупер БС-98, еуродизел  (Д-Е V) и на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 2,00 денари/литар.

 

 

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 1,386 денар/килограм и сега ќе изнесува 44,213 ден/кг.

Од 25.1.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин еуросупер БС - 95 78,50 (денари/литар)

Моторен бензин еуросупер БС - 98 80,50 (денари/литар)

Дизел гориво еуродизел БС (Д-Е V) 71,00 (денари/литар)

Масло за горење екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 71,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 44,213 (денари/килограм)

Во изминатиот седумдневен период сите референтните цени на светските берзи во просек бележат зголемување: кај бензинот за 4,856 %, кај дизелот за 4,802 % , кај екстра лесното масло за 4,821 % и кај мазутот за 4,320 %.

Од РКЕ напоменуваат дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 25.1.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.