(Видео) Арсовски: Во време на СДСМ во Гази Баба испумпани над 11 милиони денари за улично осветлување

"Од денеска ќе отпочнеме со разоткривање на сомнителните и криминални зделки на градоначалниците кои што функционираа од СДСМ во претходниот мандат.Нашите новоизбрани градоначалници изминатиов период деноноќно работеа на средување на хаосот кој го оставија зад себе кадрите на СДСМ, а воедно и во насока на работа за добробит на граѓаните. Верувајте дека имаше многу хаос", истакна на денешната прес-конференција портаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

На самиот почеток тој се осврна на Општина Гази Баба. Истакна дека ова е општина каде што општината работела за поединци во времето на СДСМ, парите на граѓаните завршувале нерационално во џебови кај луѓе кои најверојатно биле блиски до градоначалникот, а градоначалникот бил соучесник во целата ситуацијата на испумпување пари на граѓаните, практично без него ова не би можело да се случи кое што ќе го презентирам денеска.

 

 

Арсовски претстави три договори пред граѓаните поврзани со уличното осветлување во Гази Баба, каде што 2 од нив се за одржување и реконструкција на уличното осветлување, а 1 е за изградба на нови линии за уличното осветлување.

Договори и тендер кои што ги спровел претходниот градоначалник Борис Георгиевски кој што беше од редовите на СДСМ. Имено, тендерот за оваа намена е објавен и спроведен, односно спроведен на 19 мај 2021 година каде што е донесено одлука за тендерот да го добие фирма економски оператор ЕЛЕКТРОМИКИЦА ДООЕЛ од општина Илинден. Имено, во периодот од 20 мај 2021 до 30 август 2021 година, се исцрпени овие три договори односно за само 103 дена во висина од 11 милиони денари, од кои 7 милиони денари за одржување на уличното осветлување, а 4 милиони денари за поставување на нови линии на улично осветлување.

Арсовски додаде дека дневно, согласно овие договори, кои што се исцрпени за само 103 дена 11 милиони денари, дневно додека траела реализацијата, се трошеле 106.796 денари, што практично е неизводливо и јавно запраша, како е можно да се изработат за 103 дена овие три договори во висина од 11 милиони денари?

"Еве ова е начинот на испумпување на парите на граѓаните или што би рекле, класично перење на пари", изјави Арсовски.

Согласно овие информации и јавно достапни документи на сајтот за јавни набавки, Арсовски ги повика антикорупционерите да се разбудат и да не спијат, ја повика Општината и новиот градоначалник да направи ревизија, како и јавното обвинителство по допрен глас да отвори случај или овие јавно достапни документи да ги прегледа па потоа да побара документи од Општината доколку имаат да им достави.

Криминалот кој што СДСМ го метастизираше низ целата држава мора да заврши и да биде санкционирован, додаде Арсовски.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.