(Видео) Митева: Граѓаните ќе имаат од 1.000 до 1.600 денари зголемен трошок за парно и за струја

Граѓаните се соочуваат со поскапи сметки за парно греење и струја затоа што власта е неспособна да изнајде решение, обвини денеска Марија Митева од ВМРО-ДПМНЕ.

„Граѓаните од овој месец ќе плаќаат по 500 до 800 денари повеќе за струја и парно, засебно. Тоа се 1.000 до 1.600 денари зголемен трошок само за овие две работи по домаќинство.

 

Инфлацијата веќе неколку месеци го јаде буџетот на граѓаните“, нагласи партиската портпаролка според која, неспособноста на СДСМ секојдневно го намалува стандардот на народот.

Митева посочи и дека доколку Владата работела одговорно, граѓаните немало да доживеат никаков ценовен шок.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.