Мицкоски од Центар: По 8 години власт на СДСМ, имаме супер интензивна бетонизација, нема нови паркови и има сообраќаен хаос
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 20 Октомври 2021
На денешниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Oпштина Центар, претседателот Христијан Мицкоски истакна дека СДСМ е на власт во Центар цели осум години, ветуваа мораториум за градење, паркови и решавање на сообраќајниот хаос, а она што центарци го добија е интензивна бетонизација и нула зеленило.
„Овде СДСМ е на власт 8 години. Пред да дојдат на власт ветуваа мораториум на градењето, нови паркови и решавање на сообраќајниот хаос. По 8 години власт на СДСМ, имаме супер интензивна бетонизација, немаме нови паркови и имаме сообраќаен хаос како никогаш порано. Без оглед кој е градоначалник од СДСМ, овие 8 години однесувањето им остана исто. Знаете ли каде е вистинскиот проблем со бетонизацијата и урбаната мафија? Затоа што постои пакт на криминалците со пари и нивните луѓе во политиката. Тој пакт раѓа бетон, кој за граѓаните значи ограничување на нивната слобода, а за овие другите значи пари“, рече Мицкоски.
Мицкоски увери дека тој и луѓето околу него никому не му должат и не прават пактови со криминалците.
„Му должиме само на народот, кој мора да знае дека нема да дозволиме бетон, кој ќе им ги ограничува и одзема нивната слобода и нормалниот живот“, вели Мицкоски.
Тој посочи граѓаните на Центар да ги поддржат професорката Наташа Котлар и Данела Арсовска за Скопје, дами кои ќе обезбедат развој на општината и големи промени во градот Скопје.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс