Заев смета дека Мицкоски не може да одржи опозиција, а не да земе ново мнозинство

Од сето тоа учиме, не сме сјајни, имаме свои слабости, но сме подобри од противниците. Ова го смета претседателот на СДСМ и премиер, Зоран Заев. Според него, не е возможно ново парламентарно мнозинство, бидејќи, како што кажа, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, имал проблем да се одржи и во опозиција.

„Ние ги изгубивме нашите гласови, не ги дадоа на противникот, но останаа дома. Затоа се обратив на тие граѓани, кои не сакаат режим и кавги дома и со соседите. Но седејќи дома ќе го овозможат тоа за што се бореле, како граѓани. Затоа адресираме до нив. Еден дел е недоволната отвореност на досегашните градоначалници и кандидати, недоволната активност за кандидатите. Канализацијата во руралните средини, не донесе гласови. Веројатно граѓаните очекуваат повеќе“, кажа Заев.

Според него, незапочнатите, а ветени преговори со ЕУ, исто така се одразуваат на одлуката на граѓаните, да не дадат поддршка за СДСМ.

„Мицкоски има проблем да одржи опозиција а не да зема ново парламентарно мнозинство. Никој нашите гласачи не ги носи во џебот. Ние можеме да ги привлечеме врз основа на кандидати и програма. Нашите членови, кои се активисти на СДСМ, ќе добијат задача да гласаат за СДСМ во Чашка, Долнени, Арачиново. Ние за членовите може да дадеме инструкции. Тие сами се определуваат, тропаат на врата за нас“, додаде Заев.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.