Се укинува ограничувањето на бројот на гости на една маса во угостителските објекти

Владата на денешната редовна 113. седница, меѓу другото, во согласност со моментната епидемиолошка состојба во државата усвои измени и дополнувања на ковид-протоколите за работата на угостителските објекти (кафетерии и објекти за исхрана).

Со овие измени и дополнувања се укинува ограничувањето на максимално дозволениот број на лица на една маса во кафетериите, рестораните и во рестораните на хотелите, и тоа како во отворените така и во затворените делови на овие угостителски објекти.

Дополнително е усвоена и измена на ограничувањето на исполнетоста на капацитетите на овие угостителски објекти, односно ограничувањето на бројот на гости во затворениот дел од објектот, како и во отворениот дел, до најмногу 50 % искористеност на капацитетот на објектите.

За угостителските објекти за организирање прослави, веселби и свадби остануваат во сила постојните мерки и протоколи.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.