По првиот круг градоначалници се избрани во 34 општини

По првиот круг од локалните избори што се одржа вчера, избрани се градоначалници во 34 општини, покажуваат првичните податоци на Државната изборна комисија.

Во првиот круг кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ победиле во 22 општини, на СДСМ во девет, на ДУИ во три.

Сега течат роковите за приговори, а конечните резултати за 80 општини и Град Скопје ќе бидат објавени по завршување на постапката за приговори.

Првиот круг од локалните избори во општините Центар Жупа и Маврово Ростуше ќе се повтори, затоа што не излегле потребните 33 отсто од регистрираните избирачи.

Во вториот круг во најголем дел од општините ќе се избира меѓу кандидатите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, додека во седум општини трката ќе биде меѓу кандидати на Алијанса за Албанците и ДУИ. Во две општини во вториот круг се кандидати на ДУИ и БЕСА...

Втор круг за две недели ќе има во 46 општини и во Градот Скопје.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.