Пожарот во Пехчево засега не може да се гасне со хеликоптери, леталата се вратиле назад

Петте хеликоптери, два македонски и три српски, кои беа пратени да го гаснат пожарот во Пехчево се враќаат назад.

Ова на социјалните мрежи го објави директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, кој образложи дека ваквата одлука била донесена поради високите температури, поради кои, како што нагласи, се загрозува животот на екипажот.

Безбедноста на посадата на воздухопловите како и безбедноста на луѓето на земја на прво место!

— Stojanche Angelov (@StojanceAngelov) August 4, 2021

„Поради исклучително високите температури на воздухот, веднаш по пристигнувањето на 5-те хеликоптери на местото на големиот шумски пожар, командантот на ескадрилата донел одлука за нивно повлекување поради ризично зголемување на работната температура“, објави Ангелов.

Тој додаде дека хеликоптерите повторно ќе се упатат кон Пехчево по намалување на температурата на воздухот за неколку степени.

„Безбедноста на посадата на воздухопловите како и безбедноста на луѓето на земја на прво место!“, напиша директорот на ЦУК.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.