(Видео) Пожарот во Пехчево се шири и накај Беровско, локалните власти бараат помош од жителите

Градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пекевски, попладнево преку социјалните мрежи упати порака со која алармира за сериозноста на силниот пожар кој се шири од Пехчево.

„Ситуацијата со пожарот, кој избувна во атарот на општина Пехчево е исклучително сериозна и полека но сигурно се префрла и на територијата на општина Берово, кон најблиските села“, порача Пекевски и упати апел за масовно вклучување на населението во гасење на пожарот.

 

https://www.facebook.com/zvonko.pekevski/posts/1945490898946833

 

Сопоред информациите, пожарот доаѓа од високо, од шумските предели над селата, но се шири на голема површина.

На терен се противпожарните единици од Берово и Пехчево како и Шумското стопанство, Центарот за управување со кризи и ДЗС.

Се апелира и до месното население, за масовно вклучување во гаснењето на пожарот, со цел последиците и штетите да бидат помали.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.