Силен пожар се шири во близина на Пехчево

Пожар беснее во шумски предел во близина на Пехчево.

Од видеа објавени на социјалните мрежи се гледа дека пожарот се шири со голема брзина и како што наведуваат мештаните, се движи кон археолошкиот локалитет и манастирот Света Петка како и селата Умлена и Робово.

Граѓаните апелираат за брза реакција за да биде локализиран.

Според првичните информации, пожарот брзо се шири поради ветрот. Први да реагираат излегле околу 30 мештани, кои преку социјалните мрежи порачаа дека потребна е и професионална помош.

„Моментално ова се случува во близина на Пехчево. Не можеме сами, ни треба помош”, апелираат локалните жители.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.