Русија протера македонски дипломат од Москва

Русија прогласи дипломат од македонската амбасада во Москва за „персона нон грата“, во знак на одговор поради протерувањето на рускиот дипломат од земјата.

„Вршителката на должноста амбасадорка на Република Северна Македонија во Руската Федерација, Оливера Чаушевска-Димовска беше поканета во Министерството за надворешни работи на Русија, каде ѝ беше врачена нота на Министерството, со која вработен во Амбасадата на Северна Македонија во Москва се прогласува за персона нон грата”, се вели во соопштението од Руската амбасада објавено на Фејсбук, пренесе РИА новости.

Претдходно, минатиот месец, Македонија прогласи дипломат во Амбасадата на Русија во Скопје за „персона нон грата“. Одлуката за протерување на рускиот дипломат беше донесена откако на 14 мај, во просториите на Министерството за надворешни работи бил повикан амбасадорот на Руската Федерација, при што му била врачена нота со која се наложува дипломатот да ја напушти македонската територија во рок од седум дена. Како причина за протерување на дипломатот беа посочени активности што не се во согласност со однесувањето кое се очекува од странски дипломат што служи во земјата домаќин.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.