Спасовски се вакцинираше против Ковид-19

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски денеска во вакциналниот пункт во Куманово се вакцинираше против ковид-19 со вакцината на „Синофарм“. Тој напиша на Фејсбук дека ја исполнил својата должност како граѓанин.

Тој апелираше граѓаните да се вакцинираат за што поскоро да се врати нормалниот живот.

„ Се чувствувам одлично и се враќам на работните обврски. Ве охрабрувам сите да го сторите истото, доколку сѐ уште не сте регистрирани, пријавете се на веб-страницата http://www.vakcinacija.mk - само со масовна имунизација ќе постигнеме колективен имунитет, тоа е единствениот ефикасен начин за заштита од коронавирусот“ напиша Спасовски.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.