Облачно време со температура до 17 степени

Времето ќе биде умерено до значително облачно. Кон крајот на денот и во текот на ноќта почнувајќи од југозапад ќе има врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен, во горниот тек на Повардарието северен, а во јужните делови источен и југоисточен ветер, информира УХМР.

Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната од 11 до 17 степени.

Во Скопје умерено до значително облачно со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне 15 степени.

Под влијание на влажна воздушна маса кон крајот на денот и во наредните денови следува период на пооблачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. Најоблачно и најврнежливо ќе биде в сабота и в понеделник, кога на места врнежите ќе бидат поројни и проследени со грмежи..





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.