Пауновски: Годинава 78 објекти биле затворени поради непочитување на протоколите

Поради одредени фирми, целата угостителска дејност сега трпи последици, вака директорот на Пазарната инспекција, Стојко Пауновски, го објасни непочитувањето на мерките за заштита од коронавирусот.

Тој кажа дека за четири месеци, затвориле 78 објекти поради непочитување на протоколите. Пауновски вели дека влегуваат секаде, без разлика дали имаат закани или не, дури и со помош на полицијата.

„За жал и по една година се соочуваме со такви субјекти, претежно угостителски објекти, коишто дозволуваат да се направат пропусти кои ние ги санкционираме. Повеќе пати сум кажал, во поголем дел случаи успеваме на лице место да затекнеме и постапуваме. Можеби имало свадба во Струмица, но за таа јавивме дека кога стигнале инспекторите - таму немало ништо. Инспекторите секојдневно се на терен и она што ни се случува од одредени субјекти поради кои целата комплетната угостителска дејност трпи последици, го сметаме за инает кон себе, пазарните инспектори и граѓаните. Кон таквите немаме милост и мора да постапуваме согласно законот. Од Нова година до сега имаме 78 објекти кои се затворени поради непочитување на протоколите“, рече Стојко Пауновски.

За една недела, осум решенија се изречени поради непочитување на протоколот за работа на угостителски објекти и тоа за по два во Скопје и Битола и по еден во Гостивар, Тетово, Струга и Куманово.

„Инспекторите од Пазарниот инспекторат во истиот период извршија околу 4.500 контроли и надзори, од кои 3.938 контроли и 564 надзори поврзани со почитувањето на протоколите за работа на угостителите, но и за почитувањето на останатите закони меѓу кои и Законот за заштита на население од заразни болести. Изречени се 54 прекршочни пријави, донесени се 91 решение за констатирани неправилности и изречени се 43 прекршочни платни налози. 8 решенија се поради непочитување на протоколот за работа на угостителски објекти и тоа за по два во Скопје и Битола и по еден во Гостивар, Тетово, Струга и Куманово. Во овие угостителски објекти не се почитувало работното време или ограничувањето на бројот на гости, односно 4 лица на една маса. Истите се затворени за работа и изречени им се платни налози“, нагласи Пауновски.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.