Почна попишувањето на бездомните лица

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, заедно со директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски, денеска го посети Прифатниот центар за поддржано живеење за бездомни семејства во Визбегово, каде што во тек е пописот на лицата сместени во него како дел од процесот на претпопишување одделни категории лица, процес што почна на 1 март, а ќе трае до 15 март.

„Пописот претставува многу важна, најмасовна и сеопфатна статистичка операција, која е од особено значење за нас како држава, но и како Влада и Министерство за труд и социјална политика, затоа што врз основа на податоците добиени од него ќе се креираат политики, кои ќе ги адресираат барањата и потребите на граѓаните“, истакна министерката Шахпаска.

Таа посочи дека Министерство за труд и социјална политика како ресор ги регрутира прашањата што се однесуваат на пензионерите, работниците, ранливите категории граѓани, децата.

„Во согласност со податоците добиени од пописот за старосната структура на населението, ќе се креираат политиките за изградба на старски домови, детски градинки, за стапката на невработеност, во согласност со која ќе се креираат мерки и политики за нивно активно вклучување на пазарот на труд, но и за лицата од ранливите категории“, потенцира Шахпаска.

Симовски информира за почнатиот процес на претпотпишување, кој ги вклучува казнено-поправните установи, бездомните лица, лицата ангажирани во Армијата на Северна Македонија, дипломатско-конзуларните претставништа и претставници во меѓународните институции, но и самопопишувањето на лицата што претсојуваат во странство.

„Пописот треба да собере и да даде потребни информации за креирање развојни политики за сите граѓани“, истакна Симовски.

Тој апелира до сите граѓани да земат активно учество во пописот со цел негово успешно реализирање.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.