Во Ковид центрите во земјава се лекуваат 443 пациенти

Во изминатите 24 часа во Ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 443 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот.

Според Министерството за здравство, во болницата во Битола се хоспитализирани 28 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19.

Во болницата во Штип се хоспитализирани 38 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 16 пациенти, во Велес се лекуваат 25 болни, а во Куманово 73 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19.

Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 56 пациенти, во Прилеп 72, во ковид центарот во Гостивар 12, а во Струга 20 болни.

Во болницата во Струмица хоспитализирани се 20 пациенти, во Кочани 7 во Кичево 6, Кавадарци 48, во Гевгелија 9 лица, а во Дебар 13 позитивни и суспектни на корона вирусот.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 750 и има околу 360 празни болнички кревети во ковид центрите, информираат од министерството за здравство.

Додаваат дека сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.