(Видео) Мицевски: Парламентарното мнозинство е нестабилно и нефункционално

На денешната седница на Собранието на Република Македонија процедурално се обрати пратеникот и координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски кој се осврна на работата на парламентот.

Мицевски во своето излагање потенцираше дека во Парламентот одреден период наназад се чувствуваат „празнините и аномалиите на парламентарното мнозинство“, односно на неколку седници кои што се одржаа изминатиот период, како што рече, пратениците од власта не можат да го соберат потребниот кворум.

 

 

"СДСМ и коалиционите партнери да имаа мнозинство какво што очекуваа, ќе ја продолжеа и 34-та седница во која има над 70 точки, но бидејќи немаат мнозинство во парламентот, избегнуваат да ги отвораат темите. Тоа доволно кажува за неревносното работење на парламентарното мнозинство и за несигурностите кои ги имаат во редовите одреден период. Ваквиот начин на работа покажува дека ситуацијата не е добра и наскоро ќе треба да се размислува за посериозно парламентарно мнозинство", истакна Мицевски.

ВМРО-ДПМНЕ рече тој, очекува власта да има слух за тутунарите и да се отворат прашањата кои ги засегаат овие луѓе, но според него власта очигледно нема слух за проблемите на оваа категорија на граѓани.

„По однос на тоа прашање, ВМРО-ДПМНЕ побара да се одржи посебна седница на која ќе се расправа за проблемите на тутунарите и законот за тутун. Бидејќи парламентарното мнозинство не присуствува на седниците и нема намера да работи за доброто на граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ ќе прави кворум на таа седница и ќе учествува активно во разгледувањето на законот на тутун, бидејќи на тие луѓе мора да им се помогне“, заврши Мицевски.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.