Британскиот сој на вирусот детектиран во приватна лабараторија во Скопје

Министерството за здравство информира дека денеска при анализа на податоци од позитивни ковид-пациенти во јануари, во приватната лабораторија за генетика и перосонализирана медицина на клиниката „Жан Митрев“, кај еден примерок е детектирана мутација на британскиот сој на вирусот СарсКов 2.

Станува збор за 46-годишен маж, кој веќе е оздравен, односно во базата на податоци на Инстистутот за јавно здравје пациентот од 22 јануари 2021 се води како оздравен.

Според информациите од ИЈЗ, пациентот првпат на 29 декември 2020 година, поради покачена температура и отежнато дишење, прави брз тест. Тестот е со позитивен резултат. По неколку дена, односно на 4 јануари 2021 година, се јавува на преглед во приватната болница „Жан Митрев“, каде што му е направен ПЦР-тест, кој е позитивен, а пациентот веднаш е хоспитализиран во приватната болница. На 15 јануари во болницата му е направен уште еден тест, кој повторно е позитивен.

Во епидемиолошката анкета пациетот нема пријавено контакти ниту, пак, навел дека патувал надвор од државата.

Лабараторијата во болницата „Жан Митрев“ со посебна ПЦР-метода е утврдено дека пациентот е суспектен на некоја мутација на вирусот, а потоа е направено секвенционирање на изолатот. Според информацијата што ја проследија до МЗ, сите мутации што го дефинираат британскиот сој се утврдени кај изолатот од овој пациент. Кај другите примероци што се анализирани во приватната лабараторија не е детектиран британскиот сој на СарсКов2.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.