Во Македонија 63 нови случаи на коронавирус, 13 лица починаа

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 63 нови случаи на коронавирус, 13 лица починаа, а 176 оздравеа, соопшти Министерството за здравство.

Направени се 529 тестирања, а во Скопје се потврдени 42 нови случаи, во Куманово-3, Тетово-2, Прилеп-2, Гостивар-1, Штип-1, Битола-1, Велес-2, Охрид-1, Струмица-2, Кавадарци-1, Неготино-1, Виница-1, Пробиштип-2, Крушево-1.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 176 оздравени пациенти од: Скопје-101, Штип-7, Битола-4, Охрид-22, Кавадарци-9, Струга-4, Кочани-4, Неготино-5, Дебар-7, Крива Паланка-3, Ресен-2, Радовиш-1, Берово-3, Пробиштип-2, Демир Капија-2.

Починати се 13 лица, пет пациенти од Скопје (69, 72, 77, 66 и 66г), два од Велес (66 и 80г), три од Струга (74, 87 и 73г), еден пациент од Кратово (52г), еден од Крушево (79г) и еден од Демир Капија (62г). Пациентите се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 88.992, бројката на оздравени пациенти е 73.777, на починати е 2.715, а бројот на активни случаи изнесува 12.500.

Досега во земјата се направени вкупно 432.241 тестирања на Ковид -19.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.