Бензините и дизелот поскапуваат

Од полноќ се зголемуваат цените на бензинот „евросупер БС-95“ и на „евродизел (Д-Е V) 1,00 денар/литар, а малопродажните цени на бензинот „евросупер БС-98“ и на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат 1,50 денар/литар во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката од 11.1.2021 година.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува 1,172 ден./кг и ќе изнесува 30,823 ден./кг.

Од 19.1.2021 година од 00.01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин „евросупер БС- 95“ - 63,00 (денари/литар)

Моторен бензин „евросупер БС-98“ - 65,00 (денари/литар)

Дизел-гориво „евродизел БС“ (Д-Е V) - 54,50 (денари/литар)

Масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) - 54,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС - 30,823 (денари/килограм)

„Охрабрувачката имунизација со вакцините против Ковид-19 и ефектите од договорот на ОПЕК за ограничување на производството во следните месеци се клучните причини поради кои минатата недела берзанските цени на сите нафтени деривати се зголемија - и тоа е едниот фактор што влијае директно врз денешната одлука. Вториот фактор е зголемувањето на курсот на денарот во однос на доларот. По двомесечен постојан пад, првпат се регистрира зголемување на курсот на денарот во однос на доларот и неговиот просек е 0,845 % повисок од просекот на курсот по кој беа формирани цените со претходната пресметка“, изјави Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.