Граѓаните над 65 години први ќе ја примат вакцината против Ковид-19

Граѓаните со хронични белодробни и кардиоваскуларни болести и граѓаните постари од 65 години ќе имаат предност за вакцината против Ковид-19, соопшти министерот за здравство, Венко Филипче.

Освен нив, предност ќе имаат и здравствените работници што работат во ковид-центрите со заболени или суспектни и оние што работат на земање брисеви, вработените во критичната инфраструтура и во транспортот.

„Со овој процес на вакцинација почнува последната фаза од оваа пандемија. Сакам да информирам дека почнавме интензивни подготовки со цел да го припремиме здравствениот ситем за да имаме ефикасен систем за вакцинација“, изјави министерот Филипче по денешниот состанок на координативното тело, кое е задолжено за спроведување на вакцинацијата.

Оваа вакцина нема да биде задолжителна, но за граѓаните ќе биде бесплатна.

Министерот најави дека вакцинирањето ќе почне во првите два-три месеци в година.

„Цел е 60-70 отсто од населението да се вакцинира“, нагласи министерот.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.