8 декември, вторник, неработен ден за сите граѓани

Министерството за труд и социјална политика соопшти дека 8 декември, вторник, „Св. Климент Охридски”, е неработен ден за сите граѓани на Македонија.

Свети Климент Охридски (роден во околу 840 година - починал на 27 јули 916 година во Охрид) — еден од првите средновековни словенски светци, научник, писател и просветител на Словените.

Свети Климент Охридски бил еден од најистакнатите ученици на Кирил и Методиј кои заедно се поврзуваат со создавање на глаголското и кириличното писмо, особено нивното распространување помеѓу христијанизираните Словени. Тој бил основач на Охридската книжевна школа или попозната како „Прв словенски универзитет“, од кој излегле 3.500 подготвени ученици, и од страна на некои словенски народи се смета за покровител на образованието и јазикот. Тој се смета за прв Епископ Словенски со титула Епископ Велички.

Денеска Свети Климент Охридски се почитува како заштитник на Македонија, градот Охрид и Македонската православна црква.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.