(Видео) Aрсовски: Заев втор ден бега од одговор што точно понуда пратил до Бугарија

„Лажгото и лопов Зоран Заев сеуште не и одговори на јавноста што понуда е пратена до соседна Бугарија.Коалициониот партнер на Зоран Заев јавно посочи дека е пратена нова понуда до бугарската влада и се чека одговор од нивна страна“, изјави Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Според него, Зоран Заев да не се крие зад слаткоречиви изјави, кои подоцна граѓаните ги чинат одредена национална светост.

„Неговата 'патлиџан' дипломатија ја донесе Република Македонија до ќорсокак од кој што нема излез. Дали во понудата покрај распродавање на сите национални интереси и историја, стои и распродавање на државниот удел во приватните компании и државните компании на бугарски бизнисмени? Дали Зоран Заев има намера да го продаде државниот удел во Телеком, железничкиот транспорт, земјоделско земјиште низ целата држава најатрактивна, ТЕЦ Неготино, македонски пошти и уште многу други институции? Дали ова е чекор повеќе до обезличување и потчинување на државата и граѓаните?

Кому ги ветил Зоран Заев сите овие удели и државни фирми? Наместо да се крие како кукавица од граѓаните, Заев јавно треба да каже што се има понудено до бугарската влада за да се тргне блокадата?

Претходно велеше дека договорот што го потпиша е најдобриот договор што сме го имале со Бугарија, а сега гледаме дека има потреба да праќа нови понуди, односно ветувал многу други работи. Дали тоа значи дека за одредено време може да дораскрчми и тоа што ќе остане ако му побараат уште нешто?Зоран Заев е човек кој што за жал ја осакати Република Македонија и ги обезличи граѓаните на Република Македонија и затоа мора да си замине од функцијата која ја доби со поткуп. Затоа е потребна Влада за национален спас, наместо лопови што и сопствените родители би си ги продале за лична корист како што е Зоран Заев“, додаде тој.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.