ВМРО-ДПМНЕ со нови кадровски одлуки во општинските комитети, избрано е и претседателство на ветераните

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ синоќа донел повеќе кадрови одлуки во насока на „реструктуирањето и катарзата која беше најавена од партискиот лидер Христијан Мицкоски“. ИК донел одлука за избор на претседатели на општински комитети, како и членови на претседателство на Унијата на ветерани на ВМРО-ДПМНЕ, а разговарал и за актуелната политичка и економска ситуација, состојбата во здравството, блокадата од Бугарија.

„Извршниот комитет разговараше и за актуелната политичка и економска ситуација, при што изрази сериозна загриженост за состојбата во здравството поврзана со Ковид-19 пандемијата, каде што, секојдневно има траорни слики со починати од болниците на Венко Филипче, блокадата на Бугарија како резултат на лажните ветувања и пазарџиското однесување на Зоран Заев и распродавањето на државните интереси и државниот капитал, како и лошата состојба во економијата каде што секојдневно се бројат нови отпуштања“, се вели во соопштението.

За претседатели на ОК на ВМРО-ДПМНЕ се избрани:

· Претседател на ОК НОВО СЕЛО – Петар Марков

· Претседател на ОК СТРУМИЦА – Жан Дрвошанов

· Претседател на ОК МАВРОВО И РОСТУШЕ – Харис Ибраими

· Претседател на ОК РАДОВИШ – Ванчо Ристов

· Претседател на ОК ПРИЛЕП – Дејан Продановски

· Претседател на ОК БОСИЛОВО – Мито Андонов

· Претседател на ОК ПЕХЧЕВО – Александар Китански

· Претседател на ОК БОГДАНЦИ – Марјан Пеев

· Претседател на ОК КОЧАНИ – Митче Стојков

· Претседател на ОК ПРОБИШТИП – Марјан Миленковски

· Претседател на ОК ДОЈРАН – Ѓорѓи Граматиков

· Претседател на ОК ДЕЛЧЕВО – Сашко Ивановски

· Претседател на ОК БЕРОВО – Столе Каракутовски

Според одлуката на Извршниот комитет, членови на Претседателство на Унијата на ветерани се:

Мане Јаковлевски, Слободан Анастасовски, Драган Димишков, Љупчо Трпевски, Ѓорѓи Илиевски, Мирослав Тасевски, Драган Василевски, Бранко Момировски, Ѓорѓи Малковски, Живко Ристески, Александар Бичиклиски, Илија Шаторот, Сашо Наковски, Златко Милошевски, Ламбе Арнаудов, Душко Ѓорѓиев, Милан Кузев, Сашо Дранго, Борис Јанев, Ванчо Каранфилов, Марија Кирова, Ристо Ѓоргиев, Дејан Цветковски, Митко Антовски, Симо Илиевски, Владо Ѓорески и Андон Чибишев.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.